За Нас
Насмеани и спремни за вашите предизвици
Здраво,
Нашата приказна се темели на една очигледна потреба – да имаме РЕЗЕРВЕН ПЛАН!
Не залудно, бродовите имаат помошни чамци, авионите – падобрани, а автомобилите – резервна гума. Очигледно е дека за да се надминат критичните ситуации на патот кон целта, ни треба резервен план за да продолжиме со полна сила.
Дигиталниот свет не е исклучок од оваа потреба и многу е погрешно да се верува дека лошите работи им се случуваат само на другите. Вистината е дека несакани сценарија се случуваат секој ден и фактите кажуваат дека 43% од бизнисите кои доживеале хаварија никогаш не закрепнале, а 51% целосно банкротирале после 2 години!
Да се има успешен бизнис значи да се биде претпазлив и да се користи бекап како резервен план за податоците и системите. Но добар процент на бизниси, иако свесни за потребата, немаат капацитет и ИТ спремност за истото.
Го создадовме B-Up со цел да им помогнеме на овие компании во креирање на нивниот резервен план за успех кон целта. B-Up не претставува само бекап, туку е постојан партнер за своите клиенти, на кои не само им обезбедува решение за резервен план, туку истото го мониторира и се грижи се да биде во ред.
За клиенти кои немаат ИТ капацитети и ресурси во делот на бекап, B-Up е тоа за нив.
Секогаш Up
Насмеани и спремни за нови предизвици.
Професионални
Постоиме за Вашите потреби.
Фокусирани
Безбедни
Едноставни како 1-2-3
Транспарентни
Фер и отворени