Технологија

за сигурни документи

Модерен и Едноставен Hybrid Cloud модел

Oснова на технологија:

Бекапот на податоци на B-Up е базиран на сесија. Сесија е процес во кој селектираните податоци од уред на клиентот се бекапираат на Cloud + локално. Бекап сесиите резултираат со создавање на виртуелни копии кои може да се преземат во секое време.

Бидејќи податоците имаат тенденција да се менуваат, бекап сесиите обично работат на recurring основа (на пример, секој ден). Можете да започнете нова бекап сесија рачно или можете да креирате распоред за тоа.

1 извор на податоци = 1 бекап сесија

Заштита по врвни воени стандарди

Енкрипција:

B-Up ги шифрира фајловите и датотеките користејќи го приватниот безбедносен клуч за време на инсталацијата (податоците ќе бидат недостапни без клучот). Се користи еден од следниве методи на шифрирање: AES-128 (стандардно), AES-256 или Blowfish-448.

Ефикасно и практично

Обработка на податоци:

B-Up ги зема датотеките од листата една по една во редоследен приоритет (дефиниран од корисникот) и поновиот (дефиниран со датумите на промена) и ги обработува притоа користејќи:

Компресија (за да ја намали нивната големина (заштедува bandwidth и простор за складирање).

Енкрипција

Комбинација – повеќе парчиња (фрагменти) во “кабинети„ за поефикасно искористување на ресурсите на мрежата и складирањето.

Инкрементален бекап

Delta Backup:

B-Up го скенира системот за да ги пронајде податоците кои треба да се бекапираат и ги споредува резултатите со оние од претходната сесија. Споредбата е направена врз основа на атрибути на датотеката (имиња, датуми на промена, големина, дозволи за пристап и така натаму) зачувани во Backup Register. Ако барем еден атрибут во датотека е променет, датотеката се додава во редот за понатамошна обработка – на принцип на инкремент.

Предности на B-Up технологијата

Без подготовка

Корисниците на B-Up не треба да прават какви било подготовки за бекап: преместување на датотеките во посебна папка, компресирање на нив или проверка на дупликати.

 

Ефикасност

B-Up прво ги споредува својствата со датотеките. Само ако има промени, се прави анализа на содржина. Ова драстично го намалува времето што е за откривање промени, особено кога станува збор за голема база на податоци.

Економично

Податоците што се испраќаат за складирање секогаш се единствени во смисла дека се пренесуваат само променетите блокови и се поднесува само една копија од секоја промена. Ова гарантира дека bandwidth-от и простор за складирање се користат економски.

Сигурен Recovery

Ако е неопходно да се врати нешто додека бекапот е во тек, корисникот може веднаш да започне со обновување. Сите активни бекап сесии ќе бидат ставени на чекање се додека не се заврши обновувањетo.

Сакате да пробате?

25 дена бесплатна проба

Продажба

+389 71 399 169       sales@bup.mk

Корисничка Поддршка

+389 71 399 169       support@bup.mk

За Нас

B-Up претставува дел од компанијата Inbox - архивски дата центар. Дознај повеќе за нас

Продукти

Корисно

© 2019 B-Up | Сите права задржани