Прашања и Одговори

пронајди го твојот одговор

Дали и кои се системските побарувања за бекап?
Hardware requirements
2 GB of computer memory (RAM)
Dual-core processor or better
150 MB of free disk space (for installation)
Screen resolution of 1024 х 768 pixels or higher
High-speed Internet connection
Колку време е потребно за да се бекапираат моите податоци?
Брзината зависи од повеќе фактори:
– големина на податоци
– брзина на интернет (Upload)
– моќност на работната станица
Кој вид на фајлови можам да ги бекапирам?
Сите од нив кои се важни за вас, вклучувајќи MP3, фотографии, документи, видеа, па дури и датотеки кои се отворени или се во употреба.
Колку често се извршуваат ажурирања (updates) на софтверот и кој е одговорен за тоа?
Ажурирањата се на рутинска основа и се одговорност за провајдерот. Тука се вклучени – надградби, подобрувања, безбедност и унапредување на перформанси.
Што е всушност Cloud backup?
Прво, да ја дефинираме cloud технологијата. Cloud storage е за чување и прибирање на вашите лични/корпоративни податоци од вашата мала област на интернет. Ништо не е зачувано на вашиот локален хард диск и е достапно од било која локација, од кој било уред и во секое време.

Ако сето тоа звучи малку пресилно, размислете за услуга за е-пошта која веќе ја користите, на пр. Gmail, Yahoo, Hotmail и сл. Ниту една од овие пораки што ги испраќате и примате, всушност, заземаат простор на вашиот локален хард диск, тие се чуваат на серверите на емаил провајдерите: ова е форма на Cloud storage.

Да го искористиме овој пример, земете во предвид дека можете да се логирате и да пристапите до вашите емаил пораки од било кој компјутер, било кој лаптоп и било кој смарт телефон. Ова е овозможено само од Cloud технологијата.

Сепак, многу луѓе не сфаќаат дека и покрај тоа што се држат во “облак”, вашите податоци сѐ уште треба физички да се складираат на некој уред некаде. Без разлика дали ова е на флеш драјв или традиционален хард диск за складирање, компаниите кои ја нудат оваа услуга сепак треба да имаат големи сервери посветени на складирање на вашите податоци. Овие места често се нарекуваат “серверски фарми” и во суштина се огромни магацини исполнети со сервери кои работат 24/7/365.

Што се случува со моите податоци на крајот од пробниот период?
Една од две работи. Доколку се одлучите да го купите пакетот за кој што сте се регистрирале – вашите податоци остануваат на истото место – безбедни и сигурни, вие само си продолжувате со користење на услугата. Доколку се одлучите да не ја користите услугата, во тој случај Вашите податоци ќе бидат избришани од нашите сервери во рок од 30 дена.
Дали може да бекапирам Macs и PCs? Лаптопи и десктопи?
Да, да, да, да.
Што ми е потребно за да започнам trial?
Ништо, освен податоци што не сакате да ги изгубите … и е-адреса за да можете да се регистрирате. Не ви треба кредитна картичка. Едноставно се регистрирате за бесплатна проба и оставете ни остатокот нам.
Што доколку го изгубам мојот хардвер (лаптоп)?
Бидејќи податоците се складирани на Cloud, тие не зависат од еден уред. Буквално, земате нов уред, се приклучувате на интернет и сите ваши податоци се таму, без да пропуштите или изгубите ништо. Сите ваши податоци ви се достапни , и никогаш нема да морате да се грижите за пренос на истите.

Сакате да пробате?

25 дена бесплатна проба

Сакате да купитe?

Едноставно онлајн плаќање

Продажба

+389 71 399 169       sales@bup.mk

Корисничка Поддршка

+389 71 399 169       support@bup.mk

За Нас

B-Up претставува дел од компанијата Inbox - архивски дата центар. Дознај повеќе за нас

Продукти

Корисно

© 2019 B-Up | Сите права задржани