Политика за Приватност

Политика на Приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата bup.mk (во понатамошниот текст, bup.mk соодвествува и со правното лице инбох дооел, како сопственик и давател на услугата.)

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој bup.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нејзината интернет страница bup.mk (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.

Кои информации ги собираме ?
За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.
При посета на интернет страницата, bup.mk ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи, како што се активирање или деактивирање на одредени услуги, согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме:
-За овозможување на online користење на нашите услуги и производи.
– За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци bup.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во bup.mk се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. bup.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи со закон предвидена постапка.

Кои се Вашите права?
Доколку сте регистрирани на нашите интернет страници, врз основа на Ваше писмено барање имате право: ∙ да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или ∙ да пристапите до Вашите лични податоци и ∙ да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

Сигурност и заштита bup.mk ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област

Промени во политиката за приватност на личните податоци
bup.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Продажба

+389 71 399 169       sales@bup.mk

Корисничка Поддршка

+389 71 399 169       support@bup.mk

За Нас

B-Up претставува дел од компанијата Inbox - архивски дата центар. Дознај повеќе за нас

Продукти

Корисно

© 2019 B-Up | Сите права задржани