Застанете за момент и замислете што би се случило доколку сите Ваши документи и податоци (корпоративни или лични), утре ги нема? Дали таквата помисла ви создава неподносливо чувство? Ако ова не е доволно за да се почувствувате изложени, дали знаете дека според истражување на ПВК(PriceWaterHouseCoopers) – 7 од 10 компании кои се соочуваат со губење/оштета на податоци, згаснуваат во рок од една година. Дури и доколку тие податоци се обновливи, ќе ви бидат потребни денови за да се справите со прекинувања на серверот, особено кога се користат застарени технологии за Backup.

Многу бизнис сопственици не знаат дека се изложени на ризик. Доста од нив – мислат и дека се заштитени, за да ја дознаат реалната слика на тешкиот начин, односно дека се многу повеќе изложени отколку што мислеле. Доста голем дел од нив ќе кажат – Таква катастрофа нема шанси да ми се случи мене.

Всушност – на секој може да му се случи.

Еве неколку реални примери:

– Продавач на мобилни телефони со продавница за малопродажба го изгуби својот бизнис откако пијан возач удри во продавницата, предизвикувајќи оган што ја запали целата зграда.

– Компанија со канцеларии во висококатна зграда имаа одличен backup онсајт, но офсајт реплицираа на неколку недели. Цевка од системот за прскалки замрзна, со тоа што ги поплави нивните канцеларии со повеќе од 17000 галони вода кога се одмрзна. За среќа – водата не стигна до серверите.

– Камион со изгубена контрола при возење удри во зграда и ја уништи целата серверска соба на една компанија. Но, среќа, компанијата беше одлично подготвена. Имаа оффсајт бекап и можеа да продолжат веднаш со своето работење.

– Бизнис консултантска компанија се соочија со пожар поради прегрејување на УПС уред. Нивниот сервер и бекап систем беа стопени. Други бизниси од истата деловна зграда имаа последици. Фазата на обновување траеше долго.

– По инвестирање во нови системи, доктор сепак решава да си се врати на својот стар и добро познат медицински софтвер кој функционирал на застарен сервер. Кога серверот финално се срушил, таа ги изгубила медицинските досиеа на своите пациенти.

-Компанија за финансиски услуги не успеала да ги промени лозинките откако еден вработен ја напуштил компанијата со лоша завршница. Кратко потоа, нивниот сервер бил пробиен со вирусна бомба која ги уништила повеќето од нивните податоци. На крајот резервната копија била вратена, но тие биле погодени од регулаторни казни и морале да обезбедат заштита од кражба на идентитет на сите свои корисници поради прекршување на податоците.

Крадци користеле ласерски сечач за да провалат во компанија преку врата од складишниот простор. И покрај гласните звуци од алармите, тие успеале да стигнат до серверите да ги преземат сите податоци и да избришат се пред да пристигне полицијата. Компанијата изгубила се.

Адвокатска канцеларија внимателно ги менувала лентите секоја вечер. Но, излегло дека лентите биле неформатирани, така што биле празни. Скоро година дена, никој не го увидел неуспехот на бекапот (иако стоел во логовите, со големи црвени букви)

– Консултанти вршеле емаил миграција. Поради грешка од нивна страна, голем дел од податоците биле изгубени. Кога се обиделе да вратат од резервната копија (поставена од внатрешен ИТ персонал), тоа не функционирало. По многу покажување со прст и префрлање на вина, компанијата почнала да работи и биле во можност да ги повратат поголемиот дел од нивните е-маил пораки.

– Аудио / визуелна компанија со терабајти видео материјал била поплавена за време на обилни пролетни дождови. Кога пробале да вратат од резервните копии, тоа не функционирало, па тие ги испратиле своите хард дискови до специјалист за обновување на податоци. По 20.000 долари сметки за обновување на податоци, тие откриле дека компанијата за мрежна поддршка не го поставила бекапирањето правилно. Бекапирањето никогаш не се одвивало, дури ни еднаш, па така тие изгубиле години на видео материјал. Оваа компанија сега е дел од нејзината поранешна големина.

– Друга компанија имала солидно организиран бекап со ленти, кои уредно се чувале во подрумот, зад лифтот. Кога конечно им требале резервните податоци од лентите, откриле дека магнетното поле од лифтот ги избришало сите ленти.