Кога луѓето користат услуга за синхронизирање и споделување, како што се Dropbox, Google Drive, OneDrive или некое слично решение, тие често претпоставуваат дека истите делуваат како cloud бекап решение. За да помогнеме да се реши ова, ние ќе ги дообјасниме точките подолу.

1. Достапност и лесно споделување vs. сеф со резервни копии – првата разлика е дека основната намена на овие провајдери (пр Dropbox, Google Drive, OneDrive) е пред се лесна достапност на документите и можност за споделување (колаборација) со другите лица. За разлика од нив, online backup (како B-Up) – може да се прикаже како еден вид cloud сеф во кој се чуваат резервни копии од документи и податоци, се со цел заштита и сигурност во случај нешто да им се случи на оригиналните документи.

2. Cloud Storage vs. Системски backup на Cloud – Dropbox, Google Drive, OneDrive функционираат на принцип подесување на назначен фолдер – Hot folder за синхронизација на документите. Овие провајдери немаат можност за бекапирање на системи, програми и останати инсталации. Во споредба со online backup сервиси – како B-Up конкретно продуктот DeskUp – истиот прави mirroring на целиот ваш компјутер. Ова означува дека во случај вашиот компјутер да биде некако оштетен или изгубен, вие можете да продолжите со работа на нов компјутер враќајќи ги сите документи, системи и инсталации од стариот.

3. Доколку се избришат документи од Dropbox, Google Drive, OneDrive, истите не можат да бидат вратени. Додека – Online backup софтерите – создаваат резервна копија од секој ваш документ, со што во случај на бришење, истиот може да биде вратен во најбрзо време.

4. Сигурност – Со самото тоа што една од намените на Dropbox, Google Drive, OneDrive е споделување на датотеки (податоци) со други корисници постои поголема можност истите некако да бидат уништени/случајно избришани. За разлика од нив, повеќето online backup сервиси вклучувајќи го и B-Up имаат персонален енкрипциски клуч на податоците кој го знае само сопственикот на истите и што и да се случи, корисникот со тој уникатен клуч може да си ги врати податоците без проблем.