Среќници! Си добивте (купивте) нов компјутер неодамна? Ако е така, честитки! Без разлика дали станува збор за нов лаптоп или традиционален десктоп компјутер … не грижете се за вашите вештини за компјутери или каде се специфичните копчиња на тастатурата. Наместо тоа, тука се првите пет работи што треба да ги направите кога го поставувате вашиот нов компјутер:

1. Ажурирајте ја вашата Antimalware програма – Последното нешто што сакате да направите е вашиот нов компјутер да биде инфициран со малициозен софтвер. Кој го сака тоа? Размислувавме да го наречеме ова “инсталирај antimalware програма”, но скоро сите компјутери доаѓаат со претходно инсталиранa. Windows 10 доаѓа со вградена сопствена алатка на Microsoft, така што повеќето компјутери се спремни. Но еве нешто битно: нема да се ажурира. Значи, по поставувањето, преминете во поставките на скенерот и ги ажурирате “дефинициите” – инструкциите кои ја учат програмата како да ги идентификува и отстрани новите вируси, тројанци, црви итн.

2. Инсталирајте достапни надградби на Windows – Да, знаеме, би помислиле дека вашиот нов компјутер ќе биде целосно ажуриран, но шансите се дека нема да биде. Microsoft издава надградби на Windows на најмалку месечна основа, некогаш и почесто! Windows Update може да инсталира и ажурирања на драјвери за вас, кои се потребни за да може хардверот да работи правилно. Сепак, Microsoft обезбедува само основни двигатели за некој хардвер и нема да инсталира драјвер за некои gaming mousses, USB microphones и други уреди што може да ги вклучите во вашиот нов компјутер, како веб камера итн. За среќа, постојат бесплатни алатки за ажурирање на драјверот, кои можат да проверуваат дали недостасува драјвер или има застарен драјвер, да ги преземе и инсталира за вас. Чувајте една од тие програми на вашиот компјутер за да бидете сигурни дека секогаш имате брз пристап до ажурирањата на драјверите.

3. Поставете online backup софтвер – Што означува ова? Комбинација на софтверски алатки и subscription based услуги кои автоматски создаваат резервни копии од податоците што сакате да ги заштитите на безбедни сервери (cloud) подалеку од вашиот дом или бизнис. Според мое мислење, онлајн бекап сервис е најдоброто и најекономичното долгорочно решение за чување на вашите податоци безбедно.

4. Осигурете се дали и како Вашиот online backup софтвер прави restore – Која е целата поента на тоа да се има backup? Кога нешто ќе се случи со Вашите податоци (избришани, оштетени и сл) да можете да ги вратите назад во секое време. Или доколку Ви е потребна специфична верзија од одреден документ, да можете да ја вратите назад. Испробајте како функционира restore или одберете решение кое нуди асистенција на враќање податоци.

5. Деинсталирајте ги програмите што не ги сакате – Можеби веќе сте забележале дека вашиот компјутер дојде со многу … добро, ајде да кажеме “екстра” софтвер. Во теорија, оставајќи ги овие програми инсталирани, нема да му наштети многу, освен можеби малку повеќе заземен простор на хард дискот. Во реалноста, многу од овие претходно инсталирани програми работат во позадина, задржувајќи ја меморијата и моќта на процесорот што сакате да ги користите за други работи. Наш совет? Отстранете ги овие програми. Полесна опција, ако сакате, е да користите посебна програма само за оваа намена. Тие се нарекуваат uninstallers.